Background

Приказна за љубов, пријателство и италијански вкусови

Со секој залак ќе откриете совршен баланс на кремасти сирења, нежна кора и богат, препознатлив вкус кој носи духот на Наполи директно на вашата маса. Во Il Baffo, секој детал е со вкус, секој залак е уметност 🍕

Background
IL BAFFO Restaurant

Нашата приказна

Тоа е првиот вистински италијански ресторан во Битола, каде што љубовта, семејството и пријателството создадоа магија во чинија.

Ова е приказна за битолчанец кој го следеше срцето до Италија, се заљуби во Италијанка и ја донесе нивната страст за храна назад дома.

Со својот бизнис партнер и долгогодишен другар, создадоа место кое дише со италијанска традиција.

А Италијанката?
Таа ги донесе и своите родители во Битола, за заедно да ја готват нивната автентична италијанска храна.
Името IL BAFFO, кое на македонски значи “мустак”, е посвета на таткото на Италијанката, кој е вистински симбол на ова семејство – со својата страст за готвење и италијански шарм.
Во IL BAFFO не сте само гости – вие сте дел од семејството.
Вкусете ја приказната ▪️ Benvenuti 🇮🇹